Е. Пелистер загуби од Монпелје во Добој

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, го претрпе и вториот пораз на турнирот во Добој. Очекувано, вечерва битолчани беа поразени од францускиот тим Монпелје со 29-26.

Одличниот влез и одличното прво полувреме, не беа доволни да се дојде до добар резултат. Клучен беше почетокот на вториот дел кога Французите дојдоа до предност од осум гола, кои беа недостижни за „пелистерци“.

Монпелје замина на полувреме со предност од само еден гол, и кога се чинеше дека Е.Пелистер има чекор, сепак, серија на тимот од Франција после кој го реши мечот.

Вечерва на турнирот играат Барселона и Целје.

Се вчитува...