Маркус Џексон повеќе не е член на Охрид откако стручниот штаб и управата на македонскиот прволигаш реши да ја прекине соработката со американскиот кошаркар. Овој 24-годишен бек не ги исполни очекувањата на тренерот Илиевски, кој се реши да направи промена на десетина дена пред почетокот на новата сезона.
Илиевски веќе го договори и наследникот на Џексон во Охрид, американскиот комбо-бек Шакир Смит. Станува збор за кошаркар со кого Илиевски имаше успешна соработка во тимот на Блокотехна. Тој потпиша за Блоко во вториот дел од сезоната 2017/2018, кога го замени повредениот Мелори и одигра низа одлични натпревари за клубот од Гевгелија.
Смит ги договорил условите за соработка со охриѓани и наскоро ќе се приклучи на тренинзите на новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА