Еден Азар, најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид не се сложува со ВАР системот за детекција на недозволените ситуации во фудабалот. Белгиецот вели дека тој не донесе ништо добро, само донесе поголема неизвесност.
ВАР беше воведен на Светското првенство 2018 година, а многу фудбалери оттогаш изразија незадоволство од примената. Доколку се прашува Азар, системот треба да се отстрани.
„Воопшто не ми се допаѓа ВАР. Јас би го отстранил. Целосно. Грешките се дел од фудбалот па и судиските. Бидејќи луѓето постојано се жалеа го воведоа ВАР. И што се случува? Кога ќе постигнеме гол, чекаме и го губиме посебното чувство на радост кога ќе се затресе мрежата. Ништо не е исто. Кога ќе постигнете гол и мислите дека се е регуларно повторно постои страв дека ќе се свири нешто за воведот во акцијата или некој детал кој не сте го приметиле. ВАР се претвори во најважниот дел од натпреварот“, вели Азар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА