Еден е Дон Карло – нов фантастичен рекорд на Анчелоти

Карло Анчелоти уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите тренери на денешницата, откако искусниот Италијанец успеа да го елиминира и Пеп Гвардиола на патот до ново финале во Лигата на Шампионите.

Неколку дена откако стана прв тренер во историјата со титули во Топ 5 лигите, Анчелоти денеска стигна до нов фантастичен рекорд, станувајќи прв тренер со пет финалиња во Лигата на Шампионите.

Досега тој беше израмент со Марчело Липи и Сер Алекс Фергусон, на кои синоќа им се приклучи и Јирген Клоп, но Анчелоти од вечерва е рекордер и во оваа категорија на европскиот фудбал.

Ако на ова се додаде дека „Дон Карло“ има и две титули како играч во елитното европско натпреварување, јасно е за каква фудбалска легенда станува збор.

Се вчитува...