Еден е Новицки – противничкиот тренер зеде тајмаут и побара стоечки овации за „Диркулес“

Дирк Новицки ја игра својата последна сезона во НБА-лигата, а тренерот на ЛА Клиперс, Док Риверс, се погрижи Германецот засекогаш да го запамети последното гостување против овој клуб.

Имено, на девет секунди пред крајот на мечот чиј победник беше решен, Риверс реши да побара тајмаут. Многумина беа изненадени, но тренерот на клиперс го побара микрофонот од официјалниот спикер, а потоа побара од навивачите со стоечки овации да го поздрават еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата во последните дваесетина години.

Атмосферата во салата „еруптираше“, аплаудираа и соиграчите и противничките кошаркари, за Дирк Новицки да добие испраќање од ЛА Клиперс какво што заслужува за својот придонес во НБА во изминатиот период.

Се вчитува...