Еден е Супер Марио Балотели – ваков гол не дале ни Роналдо, ни Меси (ВИДЕО)

Марио Балотели продолжи со фантастичните настапи во турското првенство, а денеска го предводеше Демирспор до победа од 7-0 над Гозетепе на нашиот Адис Јаховиќ. Поранешниот италијански репрезентативец постигна пет гола во противничката мрежа, а еден од нив е вистинска мајсторија.

Откако издрибла три противнички фудбалери Супер Марио со пета успеа да го совлада противничкиот голман за големо воодушевување. На овој гол можат да му позавидат и Кристијано Роналдо и Лео Меси…

Се вчитува...