Акцијата „Купи билет за спас за Вардар“ тече максимално успешно откако на два дена пред дерби дуелот против Пелистер бројката на продадени билети веќе ја надмина границата од 20.000 билети, со што беше поставен нов рекорд на продадени билети за една средба во македонскиот спорт.
Собраните средства кои изнесуваат над два милиони денари или 30 илјади евра ќе бидат од огромна помош на „црвено-црните“ кои се соочуваат со најтешката финансиска ситуација во својата историја.
Рекорден број на продадени карти на Фудбалски натпревар од 1 МФЛ✔
Рекорден број на продадени карти на било каков домашен…Posted by Komiti Skopje on Friday, February 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА