Доаѓањето на Дерек Мекинес на чело на Глазгов Ренџерс донесе неочекувани проблеми за Бојан Миовски, откако македонскиот голгетер беше „бетониран“ на клупата за резерви на стартот од сезоната.
Ова придонесе Миовски на крајот од преодниот рок сериозно да размислува за заминување од Глазгов, но откако опциите пропаднаа од најразлични причини, тој на крајот мораше да остане на „Ајброкс“ најмалку до јануари. Ситуацијата во меѓувреме се промени, покрај Шермити се повреди и главниот напаѓач Шенкланд, па тренерот Мекинес беше принуден да смета на Македонецот.
А Миовски ја покажа својата класа на последниот натпревар на кој влезе во финишот и во последната минута го постигна победничкиот погодок за својот тим. Следен предизвик за Глазгов Ренџерс е вечното дерби со Селтик, во пресрет на кое Мекинес говореше и за македонскиот голгетер, нарекувајќи го „Дар од Бога“.
„Бојан се чувствува добро, полн е со самодоверба. Кога дојдовме првото што го помислив е дека сум среќен што имаме во тимот играч со неговото искуство, што бил дел од лигата и што има одличен сооднос на дадени голови за минути минати на теренот. Подолго време се очекуваше тој да замине во клуб каде ќе игра редовно, но во фудбалот се случуваат такви промени. По повредите на Јусеф и на Лоренс, да го имам Бојан во тимот е како дар од Бога за мене и верувам дека тој ќе има значајна улога, од сега па се до крајот на сезоната“, истакна Мекинес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
