Еден гол за цело полувреме и неславен крај на ЖРК Металург во ЕХФ Купот

Ракометарките на ЖРК Металург претрпеа убедлив пораз од Иси Париз (33-11) и во вториот натпревар од првото квалификациско коло и со тоа го завршија настапот во ЕХФ Купот. Во првиот мнатпревар, вчера Иси париз славеше со 31-15, а денеска само го потврди пласманот во следната рунда од ова натпреварување.

Македонскиот вицешампион добро го отвори натпреварот и имаше почетно водство од 3-0 и во првата четвртина успешно му парираа на многу поискусниот француски противник. Гостинките го презедоа водството во 20.минута, а на полувремето имаа +5 (15-10).

А, потоа во вториот дел следуваше вистински дебакл на Металург кој до 56.минута не успеа да постигне ниеден гол. Единствениот погодок во второто полувреме, го постигна Количовска во финишот, а Иси Париз на крај заслужено славеше уште една убедлива победа.

Се вчитува...