Еден и единствен Луис Енрике – Човек што не знае да загуби финале во ЛШ!

Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике уште еднаш докажа дека е крал на европските финалиња, откако ја освои својата трета титула во Лигата на шампионите. Со овој голем триумф, тој го задржа својот перфектен ефект од три победи во три одиграни финалиња во најелитното клупско натпреварување.

Енрике својата прва европска круна ја освои на клупата на Барселона, а со најновиот успех во својата биографија сега запиша и две титули како предводник на Пари Сен Жермен. Ова ново големо достигнување дополнително го зацврсти неговото место меѓу најголемите тренерски имиња во историјата на фудбалот.

Со трите шампионски трофеи, шпанскиот менаџер се искачи на второт место на вечната листа во Лигата на шампионите каде се израмни со Пеп Гвардиола, Зинедин Зидан и Боб Пасли. Пред него сега останува единствено легендарниот Карло Анчелоти, кој и понатаму е апсолутен рекордер по бројот на освоени титули во ЛШ.

„Чувствувам огромна возбуда и многу емоции. Да се освои Лигата на шампионите две години по ред е навистина големо достигнување за нашите навивачи. Имавме одлична сезона, победивме на многу важни натпревари и го направивме потребното во финалето, иако беше исклучително тешко против еден навистина квалитетен тим. Арсенал одигра одлично, но ние успеавме”, изјави Енрике. 

Се вчитува...