Мани Пакиао нема да настапи на престојните Летни олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција откако Меѓународниот олимписки одбор го одби барањето на филипинската федерација за „вајлд карта“ за легендарниот боксер.
Како причина се наведува старосната граница која 45-годишникот ја преминува. Според прописите на Игрите не смеаат да настапуваат боксери постари од 40 години.
„Тажен сум и разочаран, но ги разбирам причините за годишното ограничување“, кратко изјави Пакиао кој никогаш не се натпреварувал на Олимписките игри.
Пакиао се смета за еден од најуспешните боксери на сите времиња. Тој е освојувач на 12 светски титули во дури осум категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА