Еден од најдобрите турски напаѓачи стави крај на кариерата

Вториот најдобар стрелец во историјата на турската репрезентација, Бурак Јилмаз на 37 години реши да стави крај на фудбалската кариера.

Во својата кариера одличниот напаѓач одигра 77 натпревари за Турција и постигна 31 гол. Од него подобар е само легендарниот Хакан Шукур кој постигна 51 гол за репрезентацијата.

„Среќен сум и горд на се што направив во текот на мојата кариера. Среќен сум што се пензионирав, а на ум имам и тренерска кариера“, изјави Јилмаз.

Играше за сите најдобри турски клубови, од Галатасарај и Бешикташ до Фенербахче и Трабзонспор. Беше член и на француски Лил, со кого ја освои шампионската титула во 2021 година.

Се вчитува...