Еден од најголемите македонски таленти Григориј Ѓорѓевиќ е ново засилување за ТФТ Скопје

Нов играч на КК ТФТ Скопје е Григориј Ѓорѓевиќ, еден од најголемите македонски кошаркарски таленти!

Младиот репрезентативец на неодамнешното Европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство.

Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за МВП на финалниот турнир за екипата на КК Вардар.

Во финалето одигра феноменален натпревар, забележувајќи 25 поени, 9 асистенции и 8 скокови, со што заслужено ја понесе наградата за најкорисен играч.

Се вчитува...