Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се подготвува за пријателскиот меч против Македонија на 29. мај. Селекторот Сергеј Барбарез се соочи со еден проблем за мечот кој е на програмата задутре на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.
Долгата и напорна сезона го оставија Барбарез без услугите на фудбалерот од средниот ред Иван Шуњиќ. Како што соопштија од федерацијата, тој не е во тренажен процес, и ќе го пропушти дуелот со Македонија поради повреда.
„Медицинскиот тим ја следи неговата состојба и понатамошната рехабилитација“, стои во објавата на федерацијата.
Шуњиќ игра на позицијата последен играч за врска, а во моментов е дел од кипарски Пафос. Тој во минатото играше за младите селекции на Хрватска, пред да се одлучи да настапува за селекцијата на БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
