Едер: Не сакам да го напуштам Интер…

Напаѓачот на Интер, Едер е еден од играчите за кои се шпекулира дека ќе го напушти тимот од Милано во овој зимски преоден рок. Сепак, играчот ги отфрли таквите најави за негово заминување, додавајќи дека е фокусиран само на Интер.

„Слушнав гласини за мое заминување, а таа работа ќе ја оставам на мојот агент. Не сакам да си заминам од клубот во јануари, но во фудбалот никогаш не се знае. Моментално сум фокусиран само на Интер и не размислувам за други работи. До крајот на првенството остануваат уште многу натпревари и верувам дека ќе продолжиме со исто темпо и ќе ги израдуваме нашите навивачи“ – истакна Едер.

После 18 одиграни натпевари, Интер се наоѓа на седмата позиција со 30 освоени бода, а со нови засилувања.

Се вчитува...