Един Нурединоски ќе биде дел од стручниот штаб на јорданскиот Ал Рамта

Поранешниот македонски репрезентативен голман, Един Нурединоски, започнува нов меѓународен предизвик во својата тренерска кариера. Тој е назначен за дел од стручниот штаб на јорданскиот клуб Ал Рамта, каде повторно ќе соработува со хрватскиот стратег Родион Гачанин.

Ова е трет заеднички ангажман за Нурединоски и Гачанин, по успешната соработка во клубови од Либија и Саудиска Арабија. Во својата богата голманска кариера, Нурединоски бранеше за Вардар, Цементарница, Слога Југомагнат, Победа, Милано, германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, кипарските екипи Етникос, Ермис и Арис Лимасол, како и за Баку од Азербејџан, а зад себе има и 14 настапи за националниот тим на Македонија.

На тренерски план во домашниот фудбал, Нурединоски работеше во Вардар, а последен ангажман пред заминувањето во Јордан му беше амбициозниот проект на ФК Илинден.

Се вчитува...