Един Џеко ќе игра во Бундеслигата и на 41-годишна возраст. Искусниот босански напаѓач го продолжи договорот со Шалке за уште една сезона, откако минатата година беше еден од клучните играчи во враќањето на клубот од Гелзенкирхен во германската елита.
Един Џеко пристигна во Шалке за време на зимскиот преоден рок и остави силен печат за само четири и пол месеци. На 11 настапи во вториот дел од минатата сезона, тој постигна шест гола и запиша три асистенции, што значително придонесе за пласманот во Бундеслигата. Во новата сезона, тој повторно ќе го носи дресот со број десет.
По потпишувањето на новиот договор, тој не го криеше задоволството од својот престој во Гелзенкирхен.
„Откако пристигнав во Шалке оваа зима, наидов на одличен тим и фантастични навивачи. Враќањето во Бундеслигата е еден од врвовите во мојата кариера и тоа беше извонредно искуство“, изјави Џеко за клупската веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
