Един Терзиќ е нов тренер на Aтлетик Билбао, објави официјално баскискиот клуб.
Тренерот со хрватски корени потпиша договор со баскискиот гигант до 2028 година, а во Шпанија пристигнува по извесно време без работа. Неговиот последен ангажман беше на клупата на Борусија Дортмунд, која ја водеше во 96 наврати во последниот мандат и со тоа стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, каде што беше поразен со 0-2 од Реал.
Во својата кариера, тој двапати ја извршуваше позицијата помошник тренер, во Вест Хем и Бешикташ, каде што беше дел од стручниот штаб на Славен Билиќ.
Терзиќ ја помина својата фудбалска кариера играјќи во клубови од пониските лиги во Германија, а на картата на фудбалска Европа се позиционираше како многу добар тренер по добриот успех со тимот на Дортмунд.
Во Шпанија, Терзиќ ќе го преземе тимот кој моментално е осми со 44 бода на три кола пред крајот, односно три помалку од Селта, која ја држи шестата позиција што води во европските натпреварувања.
Тој ќе го замени тренерот кој стана легенда на баскискиот клуб, Ернесто Валверде, кој во последниот мандат го водеше Билбао во дури 194 натпревари, додека како играч одигра повеќе од 170 натпревари за тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
