Една фотографија – 1.000 зборови: Фудбалот да обединува – не да разединува!

Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди и албанскиот репрезентативец Јахмир Хика на крајот од денешниот квалификациски натпревар ги разменија меѓу себе националните дресови… Па „згрепчени“ од објективот на ЕКИПА, несвесно веројатно испратија силна порака – фудбалот да обединува, не да разединува!

Барди со албанскиот дрес како Јахмир Хика, а Хика со македонскиот дрес на себе како Енис Барди само како потврда дека фудбалот е место за некомпромисен натпревар, но само на теренот, а надвор од него е место за пријателство и обединување… Меѓу секој со секого! И засекогаш…

bardi i hika

Bardi i hika 2

Се вчитува...