Една од фаворитките се повлече од Ролан Гарос поради вирус

Четвртата носителка Јелена Рибакина, се повлече од Ролан Гарос и тоа пред самиот меч од третото коло против Саре Сорибес Тормо од Шпанија поради вирус.

Шампионката на Вимблдон рече дека во последните два дена не се чувствува добро и дека не спиела добро.

„Денеска навистина се обидов во текот на загревањето, но сметам дека најисправно е да се повлечам“, рече Рибакина.

Казахстанката беше една од главните фаворитки за освојување на титулата заедно со Ига Швјонтек и шампионката од Австралија Опен, Арина Сабелнка.

Се вчитува...