Една слика – илјада зборови: Се врати љубовта меѓу Вини и Алонсо (ФОТО)

Триумфот над Олимпијакос во неизвесен натпревар во Лигата на Шампионите донесе нова слика за односот помеѓу тренерот Чаби Алонсо и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор.

Во „воздухот“ постоеше големо нетрпение помеѓу овие двајца, според шпанските медиуми Бразилецот го предводеше „бунтот“ против младиот шпански стратег, но се чини дека недоразбирањата се надминати ако судиме по снимките по крајот на натпреварот во Грција.

Шпанецот и Бразилецот споделија прегратка по поледниот свиреж на судијата, а потоа тренерот имаше и пофални зборови за својата ѕвезда.

„Мбапе ги постигна сите голови, но денеска Вини беше феноменален. Штета што му го поништија голот, тоа навистина ме повреди. Убаво асистираше за два голови, но заслужи и да постигне гол. Многу сум среќен со Вини“, изјави Алонсо.

Се вчитува...