Една убедлива четвртина доволна за Бадел 1862 во дербито против Баскет КАМ, убедливи победи на Вардар и Струга

Изминатиот викенд ширум терените во Македонија беа одиграни и натпреварите од третото коло од Суперлигата во женската конкуренција во кои дербито на колото му припадна на Бадел 1862 кој славеше на гостувањето во Македонска Каменица, додека до убедливи победи стигнаа Вардар и Струга над Работнички, односно Крива Паланка.

Убедливо најинтересниот натпревар оваа сезона беше одигран во Македонска Каменица од каде со двата бода си замина Бадел 1862 кој славеше над Баскет КАМ со 68-78. Изедначениот натпревар траеше цели 30 минути во кои и покрај тоа што двата тима имаа свои моменти никој не успеа да направи значајна предноста. Клучниот момент беа последните десет минути од средбата во кои гостите од Скопје преку добрата одбрана дозволија само 14 поени, а постигнаа 26.

Анџелика Митрашиновиќ беше најрасположената на натпреварот со 37 поени и 7 скока, додека неа ја сладеше Поп-Димитриовска со 11 поени и 4 скока. Нена Трајчевска ги предводеше баделки со 31 поен и 15 скока, додека Александара Стојановска додаде 25 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Вардар и Струга ги потврдија фаворитските улоги со лесни победи над Работнички (91-46), односно Крива Паланка (55-92). Анастасија Подунавац беше предводничка на составот од „Кале“ со 18 поени и 5 скока, додека Работнички го предводеше Драгана Петковска со 13 поени и 8 скока.

Милена Марјановиќ беше предводничка на Крива Паланка со дабл-дабл од 25 поени и 16 скока, додека Наталија Спаич беше прво име кај гостите од Струга со 24 поени и 5 асистенции.

Се вчитува...