Кошаркарите на ТФТ го запишаа вториот пораз во АБА 2 лигата, откако денеска беа поразени од Широки Бријег со 85-72. Македонскиот тим одлично се држеше во првиот дел, но целосно се распадна во вториот, особено во последниот период кога Широки имаше и двоцифрена предност, односно во еден миг и од 21 поен.
По одличниот почеток на ТФТ, Широки успеа со серија на поени да поведе, и така беше се до полувремето. Клучниот момент се случи некаде на средината на третиот период, кога Широки ја презеде контролата на мечот, и така до средината на последниот период ја направи и највисоката разлика, по која ТФТ не можеше да се врати, а успеа само да ја ублажи предноста на противникот.
Кари и Мекрери кај Широки беа најефикасни со 19, односно 18 поени, додека кај ТФТ со најмногу поени заврши Стенли кој уфрли 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

