Едно полувреме недоволно за победа на Бадел против Будуќност

Кошаркарките на Бадел 1862 претпеа пораз од Будуќност во женската конкуренција на АБА лигата откако во натпревар со две различни полувремиња загубија со 59-67.

Избраничките на Стамески одлично го започнаа натпреварот и веќе во првата четвртина стигнаа до двоцифрена предност (24-14) која беше задржана и на полувремето (44-33), но во вторите 20. минути не успеаја да ја пренесат добрата игра. Гостинките од Црна Гора возвратија со убедлива трета четвртина која ја добија со 6-21 за предност од 50-54 пред одлучувачката четвртина, а добриот моментум го префрлија и во неа за контрола на резултатот и мирен финиш.

Со по 18 поени предводнички на македонскиот тим беа Стојановска и Кметковска на кои првата додаде и 4 асистенции, додека втората мечот го заврши со 4 скока. Гостите ги предводеше Ѓорѓевиќ со дабл-дабл од 15 поени и 10 скока.

Се вчитува...