Едно полувреме за Алиоски во поразот на Лидс од Вест Хем (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски одигра едно полувреме во поразот на Лидс Јунајтед од Вест Хем од 1-2 во премиерниот натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Домаќините поведоа уште во шестата минута со голот на Клих од пенал, но до крајот на полувремето гостите успеаја да израмнат преку Соучек во 25. минута.

По излегувањето на Алиоски, Вест Хем беше далеку подобар противник во вториот дел, а добрата игра ја материјализираше Огбона во 80. минута. Со оваа победа Вест Хем се искачи на петтата позиција на табелата со 20 бода, додека Лидс останува 14. со 14 бода.

 

 

 

Се вчитува...