Едно полувреме за Велковски на дебито за Ал Етифак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски дебитираше за неговиот нов клуб Ал Етифак во Саудиска Арабија. Македонецот го одигра првото полувреме по кое резултатот беше изедначен, но откако беше заменет во пресрет на вторите 45. минути неговиот тим не успеа да го задржи ремито до крајот на мечот.

Херојот на Ал Раед беше Фузаир кој постигна гол во 86. минута за победа на гостите од 1-2.

Се вчитува...