Одличен настап на најмладите македонски кикбокс натпреварувачи на „Унгарија Опен Купот 2026 за деца и помлади кадети“ кој се одржа во Будимпешта, во рамките на светскиот куп.
На купот за деца Македонија освои два медали – едно злато и едно сребро.
Митко Чавков го освои златниот медал во категоријата до 42 килограми. Александар Илиев го освои сребрениот медал во категоријата до 42 килограми.
Со два медали од четири настапи, најмладите македонски кикбокс натпреварувачи покажаа квалитет, борбеност и потенцијал, потврдувајќи дека иднината на македонскиот кикбокс е во сигурни раце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
