Едуардо Беризо го менува Сампаоли во Севилја

Севилја ја најде замената за Жорге Сампаоли, на клупата ќе седне сега веќе поранешниот тренер на Селта Виго, Едуардо Беризо. Севилја обелодени дека изборот за нов тренер паднал врз 47-годишниот Беризо, со кого е потпишан договор на две сезони откако Сампаоли замина од шпанскиот клуб за да го превземе кормилото на репрезентацијата на Аргентина.

Аргентинскиот стратег стигна до полуфиналето во Европа лигата со Селта, а таму дожиеа пораз од Јунајтед, кој подоцна стана и шампион. Пласманот меѓу четирите најдобри за Селта значеше најголем успех во европските купови. Во тригодишниот престој во Селта, Беризо два пати стигна и до полуфиналето во Копа дел Реј.

Beризо пред Селта Виго беше тренер на чилеанскиот клуб Охигинс, Естудијантес од Аргентина, а тренерската кариера ја започна во 2007 година како асистент на репрезентацијата на Чиле.

Се вчитува...