Фановите на Лос Анџелес Лејкерс едвај чекаат да започне новата сезона која носи многу новитети за еден од најтрофејните тимови во НБА лигата. Покрај очекуваното деби на тренерската позиција на Џеј-Џеј Редик, новата сезона носи и историја со прв настап за дуо татко-син во најсилното првенство.
Леброн Џејмс и неговиот син Брони ќе испишат историја за која говореше и веќе неколкугодишниот соиграч на легендата на НБА лигата, Ентони Дејвис.
„Не можам да верувам дека тој е во истиот тим со неговиот татко. И тоа што јас сум дел од неверојатна приказна да ги гледам постојано, секој тренинг, секој натпревар, секој момент кој ќе го имаат најмалку во првата сезона. Едвај чекам да зачекорам заедно со нив на теренот и да испишеме историја. Ова е неверојатно искуство“, вели Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА