Efbet му дава сериозна предност на Манчестер сити во однос на Лион

Во последниот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите мегдан на екипите на Манчестер сити и Лион. Натпреварот ќе се игра во сабота, 15. август, на „Естадио Жозе Алваладе“ во Лисабон, на кој „граѓаните“ се големите фаворити, според Efbet online, за пласман во полуфиналето. Букмејкерот очекува Манчестер сити да победи на натпреварот. Коефициентот за тимот на Пеп Гвардиола е 1,27. Ако, пак, го погледнеме облогот „пласман понатаму“, Efbet му дава шанса на Ман Сити од 1,14 за да се најде во полуфиналето, додека коефициентот за Лион е 7,00. Ве потсетуваме дека победникот ќе се одлучи само преку еден натпревар.

Манчестер сити е голем фаворит на Efbet за победа во ЛШ

Шампионот на Англија за сезоната 2018/19 е фаворит број еден за освојување на трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона. Шансите „граѓаните“ да ја освојат европската титула, за првпат во својата историја, се 3,15. Следниот со најдобри шанси за освојување на ЛШ е Баерн Минхен со коефициент – 3,80, а трет голем фаворит е ПСЖ со 6,25 коефициент. Со оглед на класата на Манчестер сити, „граѓаните“ не се очекува да имаат поголеми проблеми против Лион в сабота навечер. Сепак, францускиот тим веќе елиминира еден од фаворитите – Јувентус, па не треба воопшто да се потценува.

Како Манчестер сити стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите?

Да се ​​вратиме во групната фаза на турнирот. Манчестер сити беше во група со екипите на Шахтјор Доњецк, Динамо Загреб и Аталанта. Тимот предводен од Пеп Гвардиола забележа четири победи и две ремија во групната фаза, постигнувајќи гол на сите шест средби. На вкупно осум одиграни натпревари оваа сезона, тимот постигнал гол на шест натпревари, па одбраната единствено е повеќе загрижувачка за Пеп Гвардиола. Силниот напад на „граѓаните“ мора да биде клучот за елиминација на Лион. Кевин де Бруин и Рахим Стирлинг се во одлична форма, како и Габриел Исус кој демонстрира добри игри. Бразилецот погоди и во осминафиналето против Реал Мадрид на „Етихад“, во кое Манчестер сити забележа втор успех против „кралевите“ победувајќи со 2-1 и се квалификуваше во последната фаза од Лигата на шампионите.

Патот на Лион до четвртфиналето беше многу тежок

Тимот на Лион, пак, беше во исклучително израмнета група, со РБ Лајпциг, Бенфика и Зенит. Есента, Лион забележа само две победи, 3-1 против Бенфика на домашен терен и 2-0 против РБ Лајпциг како гостин. Со уште само две ремија во групната фаза, екипата успеа да обезбеди место во осминафиналето со 8 бода. А, таму го чекаше италијанскиот шампион Јувентус. На изненадување на многумина, Лион го доби својот прв натпревар дома 1-0 пред пандемијата на коронавирус. Се очекуваше Јуве да го надомести овој дефицит, но Лион постигна гол на гостински терен во возвратниот натпревар на 7. август, па и покрај тоа што загуби со 1-2, успеа да се пласира во четвртфиналето, што е одлично достигнување за Руди Гарсија и неговите момчиња.

Традицијата на страната на Лион на натпреварите со Манчестер сити

Минатата сезона во Лигата на шампионите, екипите на Манчестер сити и Лион беа во иста група. Тогаш францускиот тим триумфираше на „Етихад“ со 2-1, додека натпреварот во Лион заврши без победник, 2-2. Во сабота ќе се види дали Лион има повторно сили да го изненади тимот на Манчестер сити, чија цел е трофејот во Лигата на шампиони. Но, едно е сигурно, ова ќе биде одличен натпревар, кој најверојатно ќе понуди многу голови, бидејќи на претходните два меча меѓу овие ривали беа постигнати вкупно седум гола, притоа и на двата натпревари двете екипи постигнуваа погодок.

Се вчитува...