Ефенберг: Англија е најлесниот противник на Германија досега на ЕП

Дуелот меѓу Германија и Англија е „шлагот“ на осминафиналната фаза од Европското првенство. Двата европски великани вечерва ќе се судрат на „Вембли“, во натпревар во кој, иако „Гориод Албион“ е домаќин, Германците се тие кои ја добија улогата на благи фаворити.

Германската фудбалска легенда, Штефан Ефенберг во изјава за тамошните медиуми посочи дека Англија ќе биде најлесниот противник за Германија досега на Европското првенството.

„Според мене Англија е најлесниот противник за Германија досега на Европското првенство. Во групната фаза за противници ги имавме светскиот првак Франција, европскиот првак Португалија и Унгарија која беше неверојатно тежок ривал. Го преживеавме тоа и сега е полесно. Англија на трите досегашни натпревари не направи ништо. Особено во офанзивата. Кејн е надвор од форма, а притисокот е на нивна страна. Затоа сметам дека сигурно ќе ги победиме“, рече поранешниот ас на Баерн Минхен.

Натпреварот меѓу Англија и Германија започнува од 18:00 часот, а потоа од 21:00 селекциите на Шведска и Украина ќе го дадат последниот патник во четвртфиналето на Европското првенство.

Се вчитува...