Ефес добива конкуренција за потписот на Осман

Џеди Осман ќе го напушти Панатинаикос во текот на летото, а според сите индикации, неговата следна дестинација е Турција.

Се пишуваше дека одличниот кошаркар е на прагот да се врати во Ефес, но како што објави Јагиз Сабунџуоглу, Фенербахче и Бахчешехир се вклучија во трката за турскиот репрезентативец.

Бахчешехир  има високи амбиции за следната сезона, пред се да се бори за Евролигата, но и за сите домашни трофеи. Така, тие влегоа во преговори со докажан кошаркар како 31-годишниот Осман, но тоа би значело дека тој мора да се „спушти“ во Еврокупот, што може да му даде на Бахчешехир помали шанси во споредба со Фенербахче и Ефес.

Осман има договор со Панатинаикос до 2027 година и „зелените“ ќе добијат одредена сума на отштета ако замине.  Во неодамна завршената сезона во Евролигата, турскиот кошаркар роден во Македонија, имаше просек од 12,9 поени, 3,5 скока и 1,2 асистенции во 39 одиграни натпревари, од кои на 34 беше стартер.

Се вчитува...