Ефес е поблиску до Теодосиќ од Макаби

Милош Теодосиќ е слободен играч по раскинот на договорот со ЛА Клиперс, српскиот кошаркар веќе донесе одлука за враќање во Европа, со што почнаа и шпекулациите околу следниот ангажман на извонредниот плејмејкер. Според специјализираниот портал „Еурохупс“, два клуба важат за главни конкуренти во трката по Теодосиќ, и тоа Анадолу Ефес и Макаби.

И турскиот и израелскиот гигант се подготвени да му дадат плата од 1,5 милиони евра, но Ефес се наоѓа во предност поради подобриот ростер што овој тим го има составено и можноста да атакува на трофејот во Евролигата, нешто што се чини како невозможна мисија за Макаби. Во Ефес има и силна конкуренција за плејмејкерската позиција, каде Мициќ игра во одлична форма, а крај српскиот интернационалец тренерот Атаман ги има на располагање уште и Ларкин и Бобуа.

Едно е јасно, ЦСКА Москва нема намера да се вклучи во оваа трка, со што отпаѓа можноста за камбек на српскиот плејмејкер во таборот на рускиот гигант.

Се вчитува...