Египет го освои кадетскиот Мундијал

Ракометната репрезентација на Египет е светски шампион во кадетска конкуренција откако во финалето на првенството што се одржуваше во Скопје ја победи Германија со 32-28. Египќаните беа во водство во текот на целиот натпревар и покажаа доминација на шампионатот.

Во мечот за третото место, Данска беше убедлива против селекцијата на Португалија и славеше со 35-27. Петтата позиција и припадна на селекцијата на Унгарија која доминантно го доби дуелот со Франција со 31-20. Седмопласирана заврши репрезентацијата на Шпанија која беше подобра од Исланд (30-26).

Македонската репрезентација на ова првенство заврши на 13.место. Избраниците на Данило Брестовац ја минаа првата фаза, но беа елиминирани во осминафиналето од Португалија. Во разигрувањето за пласман, во последниот натпревар победата над Аргентина му го донесе на македонскиот состав.

Се вчитува...