Ех, тој Здравко Чолиќ: Пелистер домаќин во Кавадарци

Стадионот „Тумбе Кафе“ нема да може да ги пречека фудбалерите на Пелистер и на Брера на наредниот меч од второто коло од Втората лига на Македонија.

Причина – концертот на Здравко Чолиќ по кој теренот во Битола беше сериозно оштетен токму на самиот старт од новата сезона. „Зелено-белите“ беа домаќини во Битола во првото коло против Камјани, но беше јсно дека теренот е далеку под посакуваното ниво, па „пелистерци“ решија својот следен домашен меч да го играат во Кавадарци.

„Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од 2. коло против екипата на Брера ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот да се одигра во Кавадарци.

ФК Пелистер им се заблагодарува на сите инволвирани страни за разбирањето и соработката, со цел обезбедување на најдобри услови за одигрување на натпреварот. Влезот за сите посетители ќе биде СЛОБОДЕН“, објавија од ФК Пелистер.

Се вчитува...