ЕХФ го казни Мец за мечот со Вардар

Францускиот Мец доби парична казна од Европската ракометна федерација за пропуст во организацијата на натпреварот со Вардар во главната фаза во Лигата на шампионите. Од Мец ќе мора да платат 1.000 евра казна за прекршување на правилата за фер однос кон тимовите на терен.

Ракометарките на Мец на овој меч му го нанесоа најтешкиот пораз на Вардар победувајќи со 42-28. И покрај предупредувањата од делегатот на ЕХФ, официјалниот спикер не ги испочитува правилата за фер-плеј и ја загреваше публиката повикувајќи да го поддржи Мец. А ЕХФ тоа го санкционира како прекршување на правилата.

Се вчитува...