ЕХФ избра: Голот на Манасков е број 1 во ЛШ, зад него Гидсел, Баруфет, Клар…

Европската куќа на ракометот по финиширањето на фајналфор турнирот ја објави и официјалната листа од десетте најубави погодоци во изминатата сезона од Лигата на Шампионите.

Апсолутно заслужено, на врвот се најде македонскиот ас Дејан Манасков, со неповторливиот погодок што нашето лево крило го постигна против Барселона, фаќајќи цепелин по долгото додавање на голманот Митревски и сместувајќи ја топката во мрежата на Емил Нилсен.

Зад Манасков на оваа ранг-листа се најде Матијас Гидсел, потоа, Клар, Баруфет…

Се вчитува...