ЕХФ ја одби жалбата на БиХ за случајот „Нуиќ“

Европската ракометна федерација ја одби жалбата на Ракометната федерација на БиХ за случајот „Нуиќ“. Со тоа потврдена е првостепената одлука на ЕХФ според која квалификацискиот натпревар меѓу БиХ и Швајцарија се регистрира со службен резултат 10-0 за Швајцарците поради административна грешка во записникот. Ваквата разврска ја носи Швцајцарија во баражот за СП 2019 против Норвешка.

Репрезентацијата на БиХ го доби натпреварот во Тузла со 21-15 и обезбеди пласман во баражот, но потоа Швајцарците протестираа поради настапот на репрезентативецот на БиХ, Томислав Нуиќ кој поради административна грешка не бил заведен во официјалниот записник на натпреварот.

Во образложението на одлуката на ЕХФ стои дека одговорноста за точноста на извештајот од натпреварот и потврдата на листата на играчи е одговорност на официјалните претставници на двете екипи кои тоа го потврдуваат со свој потпис. Со потпишувањето на извештајот од натпреварот, официјалниот претставник на БиХ, ја потврдил точноста и националната федерација е одговорна за фактот што нејзиниот репрезентативец не бил заведен во официјалниот список, а натапил на натпреварот.

Според законските прописи на ЕХФ, БиХ има право во рок од 21 ден да поднесе жалба по одлуката до Арбитражата на ЕХФ.

Се вчитува...