ЕХФ објави: Вардар се враќа на европската сцена, Алкалоид оди директно во групната фаза

Најтрофејниот македонски ракометен клуб и двократен европски шампион РК Вардар ќе игра во Лигата на Европа.

Европската ракометна федерација ги потврди имињата кои ќе бидат дел од второто по ранг натпреварување на стариот континент, а дел од него ќе биде и РК Алкалоид.

Вардар ќе мора да игра квалификации за ова натпреварување откако минатата сезона заврши на третата позиција во домашниот шампионат, додека Алкалоид ќе игра директно во групната фаза.

Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 18. јули, додека ждрепката за групната фаза е закажана за 21. јули. Дуелите од првата фаза од квалификациите ќе се играат на 26/27 август и 2/3 септември. Групната фаза ќе стартува на 17. октомври.

Се вчитува...