Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да тргне по стапките на фудбалската федерација на стариот континент (УЕФА) и да го укине правилото гол во гости во натпреварувањата под нејзината капа.
По иницијатива на комисијата за натпревари, Извршниот комитет на Европската куќа на фудбалот на својот последен состанок го потврди откажувањето на ова правило на сите клупски и репрезентативни натпреварувања од следната сезона.
Од ЕХФ очекуваат како и во фудбалот да се намали тактизирањето на клубовите со бројот на погодоци, а со тоа играта да биде поатрактивна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА