ЕХФ потврди: „Златните“ девојки од Литванија ќе играат на СП 2022!

Европската ракометна федерација ги официјализираше учесниците од Европа на Светското кадетско првенство кое следната година ќе се одржи во Грузија. Меѓу нив и македонската кадетска селекција.

Македонија со освоениот златен медал на ЕХФ шампионат во Литванија си обезбеди место на ЕП за кадетки и младинки во 2023 година, како и место на Мундијалот за кадетки во 2022 година.

Покрај Македонија место од Европа на СП 2022 ќе има и за Холандија, Унгарија, Германија, Русија, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска и Чешка, а директен пласман има и домаќинот Грузија.

Светското првенство ќе се игра следната година од 3. до 14. август. Македонија по вторпат ќе биде дел од недно СП во оваа категорија, откако во 2014 година учествувавме како домаќини.

Се вчитува...