ЕХФ ранг-листа: Вардар e четврти клуб во Европа

На еден ден пред продолжението на возбудувањата во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ објави нова листа со рангирање на врвните европски клубови. Македонскиот шампион Вардар се наоѓа на четвртата позиција на оваа ранг-листа, уште една потврда дека во Европа на „црвено-црните“ се гледа како на дел од ракометниот „крем“ на „Стариот континент“.

Вардар ја завршува регуларната сезона во СЕХА-лигата на првото место. Овој тим може да искористи и евентуален пораз на Кјелце на гостувањето против Некар Левен, но сепак ќе треба да ја заврши својата работа против екипите со помал ранкинг. Екипата на Раул Гонзалез е најдобро рангирана од групата Б на оваа листа. Најтешкиот предизвик по се изгледа ќе биде гостувањето во Сегед, па завршувањето на првото место е сосема реално за македонскиот гигант“ – се вели во објаснувањето за ранкингот на македонскиот првак.

Прворангирана екипа на оваа листа е Пари сен Жермен, а покрај францускиот гигант пред Вардар се наоѓаат само уште Барселона и Вепсрем. Зад „вардарци“ на петтата позиција се наоѓа актуелниот европски првак Кјелце, а останатите места во оваа Топ 10 листа им припаѓаат на Некар Левен, Фленсбург, Пик Сегед, Монпелје и Загреб.

Се вчитува...