ЕХФ ранкинг -Македонија на 14. место во Европа

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави ранг листата на националните селекции за 2016 година. Македонија е на 14. место во машка конкуренција, едно место подолу од лани. Во женска конкуренција, бележиме пад од пет места во однос на лани и сега сме 22-ри. Во вкупниот рејтинг, според ранг-листата на ЕХФ, Македонија е на 17. место.

Актуелниот европски шампион, Германија е на првото место на ранг-листатат на ЕХФ во машка конкуренција и во вкупниот пласман со вкупно 308 бода. Додека женска листа ја предводи Норвешка.

Ранг листата е направена според резултатите на квалификациските циклуси и на звршните турнири на големите натпреварувања во конкуренција на У18, У20 и на сениорската репрезентација.

На второто место во вкупниот пласман е Норвешка, а на 3.место е Данска. Норвешка е најуспешна ракометна нација за 2016 во женска конкуренција.

Најдобрите десет ракометни нации според изборот на ЕХФ:

  1. Германија 308
  2. Шпанија 284
  3. Хрватска     272
  4. Франција 264
  5. Данска 228
  6. Норвешка 187
  7. Полска 182
  8. Шведска 170
  9. Исланд 164
  10. Словенија   156

Се вчитува...