ЕХФ со наклон: Охрид е новиот шампион!

Охрид вечерва е крунисан во нов „владетел“ на ЕХФ Европскиот куп, честитки сигурно ќе стигнуваат од сите страни, а меѓу првите се огласи токму европската ракометна федерација ЕХФ.

„Охрид е новиот шампион на ЕХФ Европскиот куп“, гласеше објавата веднаш по завршувањето на реваншот.

„Македонскиот тим испиша историја и ја осигура првата европска титула со возбудлива победа над Татабања“.

И навистина… македонскиот ракомет продолжува да испишува историја во европски рамки… Лани Алкалоид, сезонава Охрид… Апсолутно заслужено.

Се вчитува...