ЕХФ со суспензија за Веселин Вујовиќ

ЕХФ му изрече суспензија на Веселин Вујовиќ, кој на следните три натпревари нема да може да го води тимот на Копер, поради инцидентот што се случи за време на натпреварот од ЕХФ-купот на словенечката екипа против хрватскиот претставник Нексе.

Вујовиќ, добро познат по својот темперамент, влегол во конфликт со судиите, по што „дисциплинците“ решиле овојпат да не ја толерираат неговата недисциплина и му изрекоа казна. Како што објавија од европската куќа на ракометот, „Вујо мајсторе“ добил црвен картон поради навреди и влечење за рака на судиите.

Ова практично значи дека екс-тренерот на Вардар нема да може да го водиу Копер на следните натпревари од ЕХФ купот, закажани за 24 и за 31 март. Третиот натпревар е условна казна, што нема да се активира доколку Вујовиќ не направи сличен престап во следните две години.

Се вчитува...