Еибар го зема скалпот на Валенсија

Еибар направи изненадување со триумфот од 2-1 против Валенсија на домашен терен. Тоа е втор пораз за тимот од „Месталја“ во последните три кола, со што јасно е дека овој тим потклеклнува во трката за шампионската титула. Валенсија и понатаму е на второто место во Ла Лига со 34 освоени бода, еден бод повеќе од Атлетико Мадрид, кој вечерва го пречекува Алавес.

Инуи го доведе Еибар во водство на почетокот на вториот дел, но Санти Мина брзо возврати. Сепак, во завршницата, Хордан донесе триумф за Еибар на овој дуел.

Се вчитува...