Ејупи играч на колото во Хрватска, и Ристовски во идеалниот тим

Офанзивецот Музафер Ејупи е избран за играч на 23. коло во хрватскиот шампионат.

Ејупи беше двоен стрелец во победата од 2-1 на Осијек во дерби пресметката против сплитски Хајдук, најзаслужен за триумфот на осијечани кои ја продолжуваат трката за излез на европската сцена следната сезона.

Ејупи со 11 постигнати голови во моментов е и најдобар стрелец во хрватското првенство.

Во тимот на колото во Хрватска место има и за репрезентативецот Стефан Ристовски кој, пак, беше најдобриот поединец во редовите на Ријека, двапати асистирајќи во триумфот од 2-1 против Локомотива Загреб.

Се вчитува...