Ејупи со два гола го урна Хајдук во Хрватска

Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи беше двоен стрелец за својот тим Осијек во дербито против Хајдук Сплит во хрватскиот шампионат. Осијек славеше со 2-1 на овој натпревар и успеа да го стигне бодовно Хајдук на табелата, израмнувајќи се со 41 бод. Третата позиција на која се уште се наоѓа Хајдук води во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.

Ејупи во 63.минута погоди од пенал, откако самиот беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а во 80.минута уште еднаш ја затресе мрежата на Хајдук по еден брз противнапад, кога успеа да го надмудри противничкиот голман. Хајдук Сплит намали на 2-1 во последната минута од судиското продолжение.

Ејупи со овие два гола стигна до бројката од 11 погодоци во шампионатот и во моментот е на врвот на листата на стрелците.

Се вчитува...