ЕКИПА 1Х2: Моzzart тикет на денот

ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт.

Германија ќе има апсолутна доминација во однос на поседот против тоталниот аутсајдер Курасао. Избраниците на Нагелсман играат крајно офанзивно, па затоа наша препорака е комбинацијата со квота 3 во Моцарт: на мечот да бидат постигнати повеќе од 3,5 голови, да има најмалку три офсајди и најмалку 10 удари во рамките на противничкиот гол (вкупно, за двете репрезентации).

Холандија постигна два гола од пенал на последната контрола пред СП, „лалињата“ се познати како селекција што лесно паѓа при контакт во шеснаесетниикот, а Гакпо како беспрекорен изведувач на ударите од белата точка. Ван Дајк не е во посакуваната форма, дел од клучните дефанзивци не играат на ова СП поради повреда, па одбраната не е најсилен дел, нешто што брзоногите Јапонци ќе се обидат да го искористат.

Наша препорака за овој меч е да биде постигнат гол од пенал (било која од репрезентациите), за што квотата изнесува 3,50.

Брегот на Слоновата Коска против Еквадор, пресметка на две селекции кои играат цврст фудбал, па се очекуваат жестоки дуели на двете страни. А во ерата на ВАР технологијата, тоа значи и сериозна опасност од исклучувања. Квотата од 4,50 делува примамливо за овој тим да се типува на најмалку еден добиен црвен картон.

Се вчитува...