ЕКИПА 1Х2: Моzzart тикет на денот

ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт.

Чешка несреќно го загуби првиот дуел со Јужна Кореја, па денешниот меч со Јужна Африка е од исклучително значење за Чесите со три бода да си ги вратат шансите за пласман во следната рунда.

За очекување е европската селекција да има повеќе од поседот на топката, а многу работи во нападот ќе зависат од Патрик Шик, кој традиционално е лидер на големите натпреварувања. Чешка да победи и Шик да биде меѓу стрелците, квотата во Моцарт е 3.50.

Фудбалерите на БиХ направија дури 20 фаули на својот прв меч со Канада (повеќе од нив во првото коло имаа само Хаити и Шкотска). Селекцијата предводена од Барбарез игра борбено, со многу контакт, па границата од 15,5 фаули за вечерва против Швајцарија делува лесно минлива. Ако на тие најмалку 16 фаули додадеме и најмалку три картони за БиХ, квотата во Моцарт изнесува 3.

Канада и Катар се среќаваат вечерва, двете селекции одиграа 1-1 во своите натпревари од првото коло. Играта гол-гол, надополнета со по 2+ картони и за Канада и за Катар делува одлично, во Моцарт ја дуплира уплатата за пет пати.

Мексиканците тргнаа со рутинска победа на мундијалот, но вечерва против Јужна Кореја би требало да имаат значително потешка задача. Се очекува тактичка борба, па границата од 6,5 шутеви во рамките на голот од страна на мексиканските фудбалери се чини превисока граница. од друга страна, Кореја е репрезентација што добро го користи просторот и може да упати најмалку четири шутеви во рамките на противничкиоот гол.

Ако овие два услови се исполнат, (Мексико -6,5 шутеви и Кореја +3,5 шутеви во рамки на гол), квотата во Моцарт изнесува 3.

Се вчитува...